Shortcuts: WD:INTRO, WD:I

Википодатоци:Вовед

From Wikidata
Jump to: navigation, search
This page is a translated version of the page Wikidata:Introduction and the translation is 61% complete.

Outdated translations are marked like this.
Other languages:
العربية • ‎asturianu • ‎беларуская • ‎беларуская (тарашкевіца)‎ • ‎български • ‎বাংলা • ‎bosanski • ‎català • ‎کوردیی ناوەندی • ‎čeština • ‎Cymraeg • ‎dansk • ‎Deutsch • ‎Zazaki • ‎dolnoserbski • ‎Ελληνικά • ‎English • ‎Canadian English • ‎British English • ‎Esperanto • ‎español • ‎eesti • ‎euskara • ‎فارسی • ‎suomi • ‎føroyskt • ‎français • ‎Frysk • ‎galego • ‎ગુજરાતી • ‎עברית • ‎हिन्दी • ‎hornjoserbsce • ‎magyar • ‎Հայերեն • ‎interlingua • ‎Bahasa Indonesia • ‎Ilokano • ‎íslenska • ‎italiano • ‎日本語 • ‎ქართული • ‎қазақша • ‎ಕನ್ನಡ • ‎한국어 • ‎Ripoarisch • ‎Lëtzebuergesch • ‎lietuvių • ‎latviešu • ‎Malagasy • ‎Baso Minangkabau • ‎македонски • ‎മലയാളം • ‎मराठी • ‎Bahasa Melayu • ‎norsk bokmål • ‎नेपाली • ‎Nederlands • ‎Sesotho sa Leboa • ‎occitan • ‎ଓଡ଼ିଆ • ‎ਪੰਜਾਬੀ • ‎polski • ‎پښتو • ‎português • ‎português do Brasil • ‎română • ‎русский • ‎саха тыла • ‎سنڌي • ‎srpskohrvatski / српскохрватски • ‎Tašlḥiyt • ‎සිංහල • ‎slovenčina • ‎shqip • ‎српски / srpski • ‎српски (ћирилица)‎ • ‎svenska • ‎Kiswahili • ‎ślůnski • ‎தமிழ் • ‎తెలుగు • ‎тоҷикӣ • ‎ไทย • ‎Tagalog • ‎Türkçe • ‎українська • ‎Tiếng Việt • ‎ייִדיש • ‎中文

Википодатоците (Wikidata) е нов проект на Фондацијата Викимедија: слободна, соработна, повеќејазична помошна база на податоци, каде ќе се собираат структурирани податоци за поддршка на Википедија, Заедничката Ризница, другите Викимедиини проекти, но и многу други места.

Што значи ова?

Да ја погледаме воведната реченица со повеќе внимание:

  • Слободна. Податоците на Википодатоци се објавуваат под лиценцата Криејтив комонс Предавање во јавна сопственост 1.0, што овозможува нивна пренамена во многу различни ситуации. Можете без прашање да ги копирате, менувате, распространувате и изведувате податоците, дури и за комерцијални цели — сето тоа без да ви треба дозвола.
  • Соработна. Податоците ќе ги внесуваат и одржуваат уредници, кои ќе одлучуваат за правилата за создавање на содржини на Википодатоците и раководењето на истите. Податоци внесуваат и ботовите.
  • Повеќејазична. Уредувањето, употребата, прелистувањето и пренамената на содржините ќе биде наполно повеќејазична. Податоците внесени на еден јазик веднаш ќе бидат достапни на сите други јазици. Уредувањето на било кој јазик всушност се препорачува.
  • Помошна база на податоци. Википодатоци не заведува само искази, туку и нивните извори. Со ова, проектот ја одразува разнообразноста на расположивите знаења и ја застапува проверливоста на истите.
  • Собирање на структурирани податоци. За разлика од Ризницата, која содржи медиумски податотеки, и википедиите, кои создаваат енциклопедиски статии, Википодатоци содржи податоци, и тоа во структуриран облик. Ова овозможува нивна лесна употреба и пренамена на Викимедиините проекти и на трети места. Исто така им овозможува на сметачите лесно да ги обработат и „разберат“.
  • Поддршка на Викимедиините проекти. Една од првите цели на Википодатоци е пружање на поддршка на Википедија со подобро одржливи јазични врски и инфокутии, така намалувајќи го работниот обем на Википедија и зголемувајќи го нејзиниот квалитет. Подобрувањата и измените на еден јазик се достапни на сите други јазици.
  • Поддршка на многу други места. Секој ќе може да ги користи Википодатоците за голем број на различни услуги.

Како работат Википодатоците?

На дијаграмот се прикажани најважните поими што ќе ги среќавате на Википодатоците.

Ова вики е складиште на Википодатоците. Претставува средиште каде се сосредоточуваат и чуваат сите податоци, кои потоа се користат од клиентски викија поврзани со него. Одржувајќи ги податоците во складиштето, динамички вчитаните содржини од Википодатоците не треба да се преведуваат, ниту пак да се подновуваат на било кое поединечно клиентско вики. Покрај тоа, на Википодатоците централно се чуваат сите меѓујазични врски на Википедија.

Складиштето на Википодатоците

Предметите и нивните податоци се меѓусебно поврзани.

Складиштето на Википодатоците се состои главно од предмети, секој од нив со свој натпис, опис и (веројатно) еден или повеќе истозначници. Предметите се поврзани со соодветните статии на сите клиентски викија преку викиврски. Исказите ги опишуваат подробните особености на секој предмет. Секој исказ се состои од својство и вредност. На пример, можете да ставате географски координати на планински врвови, месности, згради и тн. Можете да поврзете некоја личност со нејзиното место на раѓање, занимање или нејзиниот број во базата за нормативна контрола; политичарите поврзувајте ги со нивната партија; населените места со административните единици во кои припаѓаат; држава со нејзиниот највисок претставник и химна; и така натаму. Сите овие податоци можат да се прикажат на било кој јазик, без оглед на тоа на кој јазик се внесени податоците. Кога ќе се повикуваат на нив, клиентските викија ќе ги добиваат најновите податоци.

Пристап до податоците

На страниците на клиентските викија, до податоците можете да дојдете со помош на посредникот Lua Scribunto. Можете да ги добиете сите податоци независно, послужувајќи се со Приложникот на Википодатоците.

Следува повеќе

Википодатоците се проект во активен развој. Во иднина очекувајте повеќе податочни типови и побарувања. Повеќе за тековниот развој ќе најдете на страницата за Википодатоците на Мета. Претплатете се на поштенскиот список за да добивате најнови информации за развојот и да учествувате во расправите за иднината на проектот.

Како можам да учествувам?

Смело почнете со уредување. Уредувањето ае најдобар начин за да ги осознаете структурата и концептите на Википодатоците. Ако сакате да ги научите концептите однапред, погледајте ги помошните страници. Доколку имате прашања, слободно поставете ги во Селската чешма или обратете се кај развојната екипа.

Од каде да почнете

Некои врски за почеток: