Википодатоци:Автопотврдени корисници

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:Autoconfirmed users and the translation is 100% complete.

Автопотврдени корисници се оние зачленети корисници што задоволуваат извесни услови.

Бројот на дејствата на Википодатоците е ограничен на кориснички сметки што задоволуваат извесни услови на старост (пред колку време е направена сметката) и број на уредувања. Корисниците што ги задоволуваат овие услови се сметаат за дел од псевдогрупата „автопотврдени“. Секогаш кога корисникот ќе изврши ограничено дејство, системот го проверува и автоматски му доделува таков статус. Точните услови за автопотврденост се разликуваат според околностите, за автопотврдени обично се сметаат сметките постари од четири дена со повеќе од 50 уредувања.[1]

Дејства што бараат автопотврденост се преместувањето на страници (освен предмети и својства) користат извесни алатки за масовно уредување на Википодатоците, уредување на полузаштитени страници или автоматско патролирање на своите уредувања. [2] Автопотврдените корисници повеќе не треба да пополнуваат CAPTCHA кога сакаат да прават преместувања. Автопотврдените корисници исто така можат да означуваат уредувања и нови страници како испатролирани.

Доколку, од некакви причини, на еден обичен корисник му треба автопотврденост, ова право може да се даде рачно од администратор по поднесено барање на страницата „Барања за дозволи: Барања за други права“.

Белешки

  1. Погл. T48461 и овој разговор. Потребниот број на уредувања е поголем од оној на другите викија бидејќи на Википодатоците многу полесно се вршат многу уредувања наеднаш отколку на другите проекти.
  2. Список на полузаштитени страници ќе најдете на Службена:ЗаштитениСтраници

Поврзано