Википодатоци:Посебни потреби

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:Accessibility and the translation is 83% complete.
Outdated translations are marked like this.

Оваа страница има за цел да ги информира корисниците за пристапноста на Википодатоците за лица со посебни потреби. Ваквата пристапност подразбира дела лицата со инвалидитет ќе можат да ги гледаат и разбираат содржините на Википодатоците и да се снаоѓаат по нив, но и да можат да учествуваат и придонесуваат на Википодатоците. Тука претежно би се вброиле лица со слепило и слаб вид, како и лица со посебни физички потреби.

Како начело, треба да целиме да ги задоволиме одредбите на WCAG 2.0, кој е ISO-стандард за достапност интернет-страниците за лица со посебни потреби. Настојуваме да го постигнеме степенот „AA“, и, кајшто е практично, степенот „AAA“.

Иако досега (декември 2012) ја немаме подробно испитано подготвеноста на Википодатоците, може да се заклучи дека имаме добар степен на пристапност за лицата со посебни потреби. Гледаме дека програмот исправно ги форматира табелите и интерактивните елементи. Бидејќи корисниците можат да пополнуваат со текст само извесни обрасци, засега пристапноста не е лесно изменлива. Покрупните подобрувања во пристапноста можат да се постигнат само со измени во програмската опрема, што значи дека тоа е во надлежност на програмерите.

Поврзано