Википодатоци:Одрекување од одговорност

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search
This page is a translated version of the page Wikidata:General disclaimer and the translation is 100% complete.

Напомена: Документов е изворно напишан на англиски јазик. Се надеваме дека неговите преводи ќе бидат точни; во случај да се јави разлика во значењето и смислата на изворното и преведеното, англискиот оригинал добива предност.

ВИКИПОДАТОЦИТЕ НЕ ДАВААТ ГАРАНЦИЈА ЗА ИСПРАВНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ

Википодатоците е мрежно соработно скалдиште на податоци. Со други зборовим доброволно здружение на поединци и групи кои разработуваат заеднички ресурс на човековите знаења. Структурата на проектот му овозможува на секој со пристап на интернет да ги менува неговите содржини. Имајте предвид дека информациите не проаѓаат задолжителни проверки од стручни лица, потребни за да ви гарантираме потполни, точни и доверливи информации.

Ова не значи дека на Википодатоците нема да најдете вредни и точни информации - во највеќето случаи информациите ќе бидат такви. Меѓутоа, Википодатоците не ја гарантираат точноста на информациите што ќе ги најдете тука. Содржините на било која страница може да се сменети, вандализирани или изменети од лице чии ставови не се во склад со општоприфатените мислења во ова поле.

Нема формална проверка

Википодатоците немаат извршен уредник или редакција која ги проверува содржините пред да бидат објавени. Нашата активна заедница од уредници користи алатки како Скорешни промени и Нови страници за да ги надгледува новите и изменетите содржини. Но сепак, Википодатоците не подлежат на формална рецензентска проверка. Иако читателите можат да исправаат грешки или да учествуваат во повремени рецензентски проверки, тие не се правно обврзани да го прават истото и затоа сите овдешни информации ја немаат подразбраната гаранција за погодност за било која цел.

Ниеден уредник, покровител, администратор или било кој поврзан со Википодатоците на ниеден начин не е одговорен ако се појават клеветнички информации или пак за вашата употреба на информациите на овие страници или надворешните врски на нив.

Нема договор; ограничена лиценца

Би Ве замолиле да имате предвид дека овде наведените информации се нудат слободно, и дека не постои никаков договор помеѓу Вас и сопствениците или корисниците на мрежново место, сопствениците на опслужувачите што го вдомуваат, поединечните учесници на Википодатоци, било кој од администраторите и системските оператори на проектот, или пак било кој друг што е на било кој начин поврзан со овој проект и збратимените проекти не подлежи чично на никакви непосредни барања од Ваша страна до нив. Ви се дава ограничена лиценца (дозвола) да копирате сè што сакате од ова мрежно место; ова не создава или подразбира било каква договорна или вондоговорна одговорност од страна на Википодатоците или било кој нивен агент, член, организатор и други корисници.

Не постои никаков договор или спогодба помеѓу Вас и Википодатоците во однос на Вашата употреба или менување на информациите повеќе од она што го налагаат лиценците Криејтив комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 4.0 Меѓународна (CC BY-SA 4.0) и Криејтив комонс Предавање во јавна сопственост (CC0 1.0); ниту пак било кој од Википодатоците ја сноси одговорноста доколку некој смени, измени или отстрани било кои информации што Вие ќе ги ставите на Википодатоците или поврзаните проекти.

Правни рамки и законитост на содржините

Објавувањето на информациите што ќе ги најдете на Википодатоците може да претставува прекршок во законите на земјата или правниот систем кајшто се наоѓате. Базата на Википодатоците се складира на опслужувач во сојузната држава Флорида (САД), и се одржува во склад со локалните и федералните закони. Законите во Вашата земја или правен систем може да не ги гарантираат слободите на говорот и распространувањето на информациите. Википодатоците не поддржуваат или поттикнуваат кршење на било какви закони, и не ја сноси одговорноста доколку настане прекршок на истите во случај кога би ставиле врска до овој домен, или кога ги користите, умножувате или објавувате тука содржаните информации.

Без стручни совети

Доколку ви треба некаков стручен совет (на пр. здравствен, правен, финансиски или во управувањето со ризици), тогаш ќе морате да се обратите кај официјално признаено стручно лице со соодветни созданија од таа област.