Translations:Wikidata:Glossary/4/mk

From Wikidata
Jump to navigation Jump to search

Викибаза (Wikibase) e програмот на кој работат Википодатоците. Се состои од три додатоци на МедијаВики: Викибаза (Wikibase), Клиент на Викибазата (Wikibase client) и Библиотека на Викибазата (WikibaseLib). Додатокот „Викибаза“ (за опслужувачот на Википодатоците, скратено: repo) дава наменски примерок (инсталација) на МедијаВики што собира и одржува структурирани податоци и ќе се користи на мрежното место на Википодатоците. Додатокот „Клиент на Викибазата“ (Wikibase client extension, скратено: client) им овозможува на примероците да повлекуваат и прикажуваат податоци од опслужувачот на Википодатоците на нивните сопствени страници, и ќе се употребуваат на википедии на разни јазици, а веројатно и на други места. Додатокот „Библиотека на Викибазата“ (WikibaseLib extension) содржи заеднички библиотеки за двата опишани додатока.